Српската фолк пејачка Дара Бубамара подготвува голема прослава по повод 18-тиот роденден на синот Коста, кој е закажан за почетокот на следната година.
Дара Бубамара веќе го завршила поголемиот дел од организацијата за оваа гала прослава, па се погрижила на трпезата и во салата да се најдат најскапата храна, декорација и музика. Пејачката уште пред една година го контактирала и капарисала својот омилен „Мајами бенд“.
Дара открила во која фаза се подготовките и го искоментирала изборот на музиката.
„Се договорив со музичарите, сега ги правиме поканите, декорацијата, лудило. Многу размислувам за целата организација“, рекла пејачката.
Поврзани објави
Дара и нејзиниот поранешен сопруг, претприемачот Милан Кесиќ од Париз, ја избраа најелегантната сала за вакви прослави и за тоа дале многу пари, пишува српски „Телеграф“.
Посебно внимание привлекува и вредниот подарок што родителите го подготвуваат за роденденото на својот славеник. Според шпекулациите, станува збор за луксузна недвижност, како и скап автомобил.
Инаку, Дара Бубамара успеа да ослабе, а вели дека тоа е благодарение на нејзиниот партнер и исполнетиот живот.
– Кога си во толку прекрасна врска полна со страст, килограмите се намалуваат, внимавам и што правам и во последно време многу работам и немам време да јадам. Ги намалив оброците, но планирам да ослабам уште 7 килограми – рекла таа и додала низ смеа:
– Совет до жените: „Најдете помладо момче или некој со кого имате таква страст, љубов и разбирање“.