Најдобриот тенисер со своите деца оформил вистински мал музички бенд.
Новак Ѓоковиќ го користи секој слободен момент да биде со своите наследници Стефан и Тара, па на секое семејно патување, носат и музички инструменти.
Ноле вежба со децата речиси секој ден. Сите кои имале можност да ги слушнат се воодушевени од нивниот талент. Нивниот опус е многу шарен. Тој верува дека овој нивни бенд е посебен за него и дека му донел среќа на некои турнири, каде што одел со своите деца, па по тренингот свиреле извесно време заедно. Кога сите одат на семејно патување, музичките инструменти се еден од првите предмети кои се пакуваат. Без саксофон, виолина и гитара не се оди никаде. Веројатно, кога ќе бидат целосно задоволни од тоа како звучат, Новак и Јелена ќе снимат нешто и ќе го објават на своите социјални мрежи, за неговите обожаватели да слушнат на што напорно работеа претходните месеци – вели соговорникот.
Инаку, самиот Ѓоковиќ неодамна изјави дека сирењето со децата му е омилен дел од денот или патувањето.
Поврзани објави
Тара свири виолина, Стефан сака да свири гитара, а јас свирам саксофон. Понекогаш нашите свирки траат со часови, а тоа ми е омилен дел од денот или патувањето. Да, признавам – носиме инструменти со нас на патувањата. Можеби мојот мал бенд беше заслужен за мојата победа на УС Опен и 24-от Грен слем што го освоив – изјави тенисерот за Вог.
Видео: Instagram @tennistv