Почетна Убавина и здравјеСе наоѓаат во најтешкиот период од годината! – Убавина и здравје

Се наоѓаат во најтешкиот период од годината! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



До 11 август 2025 еден хороскопски знак ќе поминува низ турбулентен и тежок период, но од оваа криза ќе излезе посилен од кога било претходно

Поради интензивниот ретрограден Меркур, еден хороскопски знак до 11 август ќе поминува низ голема лична трансформација. Тоа е ЛАВОТ. Планетата на комуникацијата се движи наназад низ првата куќа на лавот, која е поле на личниот идентитет, самодовербата и изразувањето.

Според астролозите, тоа значи дека лавовите може да очекуваат ненадејни увиди, емотивни кризи и преиспитување на својот идентитет. Во фокусот ќе им бидат прашањата: „Кој сум јас кога никој не ме гледа?“, „Дали премногу се грижам за туѓото мислење?“ и „Дали живеам онака како што навистина сакам?“

Астролозите откриваат дека секој разговор за лавовите ќе звучи како монолог, а секоја порака ќе се чини како драмски пресврт. Комуникацијата ќе биде напната, емоциите силни, а егото на тест. Периодот до 11 август на лавовите им го менува погледот кон светот, но и кон самите себе. Лавовите ќе го преиспитуваат својот изглед, однесување и начинот на кој што ги гледаат другите. Иако може да им биде напорно, ова е шанса за голем личен развој и откровение.


Поврзани објави

Што сè може да очекува лавот:
  • Драматични промени во идентитетот
  • Кризи во комуникацијата
  • Неочекувани пресврти во секојдневните разговори
  • Чувство дека животот им станал сапуница – со нив во главната улога

Па, ако сте лав во хороскоп, подгответе се. А ако познавате некој лав, не стојте му на патот. Драмата допрва ќе започне, но од неа ќе се роди нова, помоќна личност.

Фото: Anthon Tran/Unsplash