Почетна Убавина и здравјеПоследиците може да бидат кобни – Убавина и здравје

Последиците може да бидат кобни – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Прочитајте зошто е важно да го исклучите полначот од струја кога не е во употреба

Ако полначот постојано ви стои вклучен во штекер, би требало да го знаете ова.

Кога го оставате полначот вклучен во штекер, а не го полните телефонот, тој и понатаму троши мала количина на струја, но поголемиот проблем е што полначот постојано е под напон и со текот на времето може да се загрева, особено ако е стар, оштетен или со полош квалитет.


Поврзани објави

А многумина од нас и го полнат телефонот покрај креветот, и тоа честопати покрај главата.

Самиот телефон не е проблем поради некакво зрачење, но не е добра идеја телефонот или полначот да бидат под перница или покриени со постелнина, бидејќи тогаш топлината се задржува, а последиците може да бидат прегревање на уредот, па дури и пожар.

ФОТО: Mike Winkler / Unsplash