Почетна Убавина и здравјеРецепт за тортата „медовик“, омилениот руски десерт – Убавина и здравје

Рецепт за тортата „медовик“, омилениот руски десерт – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Оваа торта буквално се топи в уста

Според старите верувања, добро е да се јаде мед на Илинден за добро здравје. Па така, ви предлагаме за овој празник да го направите познатиот руски „медовик“, но во форма на колач.

Иако на прв поглед се чини комплицирано, многу е едноставно да се приготви овој колач.

Состојки:

За кората:

  • 500 г брашно
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 3 цели јајца
  • 3 лажици мед
  • 180 г путер
  • 180 г шеќер
  • прстофат цимет

За филот:

  • 1 чаша кисела павлака
  • 400 г шеќер

Дополнителни состојки:

  • 500 мл слатка павлака
  • 1 кесичка ванилин шеќер
Приготвување:


Поврзани објави

Во чинија измешајте шеќер и кисела павлака, добро и изматете, па оставете го филот поклопен во фрижидер до филувањето.

На средна температура стопете путер, шеќер и мед, па тргнете го од рингла. Сипете сода бикарбона и цимет и добро промешајте.

Во чинија изматете ги јајцата со миксер, па префрлете ги во смесата со медот со непрекинато матење. Постепено додавајте брашно и мешајте без престан додека добиете убаво и меко тесто.

Поделете го тестото на шест дела, секој дел ставете го во кеса за замрзнување и оставете го во фрижидер еден час.

Потоа, расучете го тестото со сукало, па помеѓу секоја кора ставете по еден лист хартија за печење и така расучено вратете го во фрижидер 30-60 минути.

Извадете ја првата кора, печете ја околу седум минути во рерна загреана на 180 степени, па повторете го тоа со сите кори додека добијат кафена боја. Оставете ги корите да се оладат.

Добро промешајте го претходно приготвениот фил, па поделете го на пет дела. Редете кора-фил-кора-фил додека го потрошите материјалот, па ставете го во фрижидер.

Идеално е колачот да отстои 24 часа. Пресечете ги рабовите за да бидат рамни.

Изматете слатка павлака со ванилин шеќер, па премачкајте го колачот со добиената смеса.

ФОТО: Freepik