Почетна Убавина и здравјеЗдраво, а евтино јадење што заситува и се приготвува за миг – Убавина и здравје

Здраво, а евтино јадење што заситува и се приготвува за миг – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Бугарите приготвуваат кајгана на највкусниот начин, задолжително испробајте ја!

Миш-маш е традиционален бугарски специјалитет, а се приготвува од јајца, фета-сирење, домати, кромид и печени пиперки. Ова е здрав оброк полн со протеини, заситува, а лесно се приготвува и нема да ве чини многу.

Состојки:
  • 3 поголеми пиперки
  • 3 домата
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 350 г фета-сирење
  • 5 јајца
  • 2 лажици свеж, сечкан магдонос
  • сол
  • бибер
  • масло
Приготвување:


Поврзани објави

Загрејте масло во поголемо тавче и додајте сечкан кромид. Пржете го додека омекне и стане стаклест. Додајте ситно сечкани пиперки и пржете уште неколку минути. Потоа, додајте домати и гответе додека се намали течноста од доматите и додека се згусне сосот.

Во друг сад изматете јајца и посолете ги малку. Додајте ги во тавчето со зеленчукот и мешајте додека се згуснат по ваш вкус. Додајте го здробеното сирење при крајот на готвењето и внимателно промешајте ја смесата.

Посолете и забиберете по вкус. Внимавајте со количината на солта, бидејќи сирењето најчесто е доволно солено. По желба, додајте сечкан свеж магдонос како украс.

Бугарската кајгана обично се послужува топла, со тазе леб или тост.

ФОТО: aedrozda / Pixabay