Почетна Убавина и здравјеЕдна од нив може да биде многу опасна – Убавина и здравје

Една од нив може да биде многу опасна – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Начинот и времето кога го нанесуваме дезодорансот влијаат врз неговиот ефект

Високите температури, лесната облека и долгите денови значат дека во лето особено внимаваме на свежината, но и покрај тоа, многумина ги прават истите грешки кога користат дезодоранс.

Некои од нив се чинат наивни, но можат да влијаат врз неговиот ефект, па дури и да предизвикаат иритации.

Кои се најголемите грешки при нанесувањето дезодоранс?

Го нанесувате на влажна кожа

Ако нанесувате дезодоранс на влажна кожа, ефектот ќе биде послаб. Почекајте неколку минути кожата комплетно да се исуши пред да го нанесете и ќе забележите голема разлика.

Носите претесна или синтетичка облека


Поврзани објави

Ни најдобриот дезодоранс не може да помогне ако кожата не дише. Налето одбирајте лесни парчиња од лен, памук или вискоза.

Го нанесувате на испотено тело

Постојаното нанесување дезодоранс во текот на денот може да предизвика иритации. Ако ви треба освежување, прво нежно исчистете го/измијте го подрачјето под пазувите, па дури потоа нанесете нов слој. Ако веќе сте се испотиле, повторното нанесување дезодоранс само ќе го засили мирисот и ќе го направи уште понепријатен.

И на пазувите им треба пилинг

Под пазувите исто така се насобираат мртви клетки од кожата. Нежниот пилинг еднаш неделно ќе му помогне на дезодорансот подобро да дејствува и кожата да биде помека и поздрава.

ФОТО: Freepik