Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, преку видео обраќање ја подвлекува важноста и значењето на конструкцијата на брзиот пат Градско-Дреново-Фариш.
“Напорно се работеше и резултатите се видливи”, вели вицепремиерот Николоски. “Експресниот пат на делниците Градско- Дреново и Дреново- Фариш активно се користи.”
Илјадници возила веќе го користат овој патен правец.
“Пелагонија, Прилеп, Битола, Кривогаштани и Могила, Новаци и Крушево се веќе многу поблизу до Скопје и до сите населени места, многу побрзо се патува до Грција и на север до Србија”, истакнува Николоски.
“Се развива бизнисот”, додава, “цвета туризмот и луѓето можат полесно да патуваат. Пуштањето на овој патен правец е доказ дека ја градиме Македонија.”
“Напорно работевме, првиот дел на потегот од Градско до Дреново го пуштивме во месец јануари, а вториот дел од Дреново до Фариш го пуштивме во месец јуни.”
“На тој начин ја комплетиравме делницата Градско -Дреново-Фариш дел од Градско Прилеп, што многу ќе значи за целиот регион”, нагласува Николоски.
“Активно работиме и на автопатот Прилеп -Битола што за многу брзо време ќе значи од Скопје за Прилеп да се патува за час и десет минути, од Скопје до Битола за час и половина”, заклучува тој.
вј/Фото: МИА архива .
Извор: МИА