Кривични пријави се поднесени против 10 полицајци кои го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи(МВР) во износ од 614.750 денари. Се работи за полициските службеници М.П., С.С., Х.С., Б.С., М.Д., Д.Ј.Ј., Н.В., Д.А., Г.С. и Д.Ч. за кои има основи на сомнение за извршено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување’’ казниво по член 353 од Кривичниот законик. Пријавените, вработени во Единицата за брзо распоредување, искористувајќи го стекнатото право за надомест на патни трошоци поради тоа што по лична карта се воделе со место на живеење надвор од Скопје, ја злоупотребиле службената положба така што примале пари од Министерството за внатрешни работи за денови во кои не патувале од своето место на живеење до работното место во Скопје и обратно. Тие во периодот од 1 декември во 2023 година до 17 септември во 2024 година, го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи за износ од 614.750 денари.