Почетна ЕкономијаМицкоски на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа во Општина Пустец

Мицкоски на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа во Општина Пустец

од nenad
1 минути читај за

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес ќе биде присутен на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа, кој се организира во Општина Пустец, во Република Албанија.

Оваа свеченост е организирана од страна на македонското здружение „Преспа“, со помош на општина Пустец, и ќе се реализира после неколкугодишна прекинатост.

“На овој голем и многу значаен настан за сите Македонци ќе настапат повеќе културно-уметнички друштва, фолклорни групи, со македонски ора, песни и обичаи.”

“Тоа ќе биде единство, традиција и гордост на едно место”, информираше за МИА, претходно во текот на месецов, Едмонд Темелко, претседател на друштвото и некогашен градоначалник на оваа општина.

Фестивалот ќе се одвива на плоштадот „Гоце Делчев“, во срцето на Пустец, со старт во 18 часот.