Турција планира да го прекине договорот од 1975 година со Ирак за нафтоводот, објави весникот „Туркије“, цитирајќи службена одлука одобрена од претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Според соопштението во Службен весник, одлуката ќе почне да важи на 27 јули 2026 година. Со ова ќе биде ставен крај не само на главниот договор, туку и на сите следни протоколи и меморандуми за разбирање.
Мотивите за оваа акција не се специфицирани.
Ирак и Турција работат на обновување на протокот на нафта преку нафтоводот кон турското пристаниште Џејхан, кој беше прекинат од Анкара во март 2023 година, по пресудата на Меѓународната трговска комора со која Турција беше обврзана да му плати на Ирак 1,5 милијарди долари компензација за неовластен извоз помеѓу 2014 и 2018 година.
ссм/фото: архива