Почетна ЕкономијаДурмиши и Џабаров: Посветени на зајакнување на економските врски со Азербејџан

Дурмиши и Џабаров: Посветени на зајакнување на економските врски со Азербејџан

од nenad
1 минути читај за

Денеска, министерот за економија, Бесар Дурмиши, се состана со официјална делегација од Република Азербејџан, предводена од министерот за економија, Микаил Џабаров. Состанокот беше по повод прославата на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави, информираа од Министерството за економија и труд.

Министерот Дурмиши ја истакна важноста на оваа средба, изјавувајќи: “Вашата посета денес не е само дипломатски гест, туку симболичен и суштински момент.”

Тој додаде дека оваа годишнина е прилика не само за потсетување, туку и за гледање напред: “Оваа годишнина е повод за сеќавање, но и можност за визија – да ја зацврстиме и продлабочиме нашата економска и стратешка соработка.”

За време на разговорите, беше нагласен обостран интерес за соработка во областите на енергетиката, земјоделството, туризмот, фармацијата, инфраструктурата и инвестициите во малите и средни компании.

Министерот Дурмиши посочи дека овој состанок претставува врска кон јужниот гасен коридор, кон пазарите во Кавказот и кон заедничка, стабилна и економски поврзана перспектива. “Убеден сум дека ова е само почеток на едно ново, посилно партнерство,” заклучи Дурмиши.

свс/вг/Фото: Министерство за економија и труд