Table of Contents
ОВЕН
Работа: Ќе бидете практични и фокусирани на конкретни задачи, но може да почувствувате суптилен притисок да исполните туѓи очекување. Не е лошо да го забавите ритамот и да го послушате советот на некои поискусни личности.
Љубов: Зафатените овни денес ќе пронајдат мир во едноставни нешта – разговор со кафе, прошетка, внимание од партнерот. Слободните може да остварат контакт со личност која веќе некое време им ги окупира мислите, но нема сѐ да оди лесно, бидејќи другата страна не ги покажува чувствата отворено.
Здравје: Внимавајте на исхраната, особено ако сте склони на нагли промени на апетитот.
БИК
Работа: Стабилната енергија ви овозможува да донесете мудри одлуки, особено кога станува збор за пари или вредности. Ќе имате добро чувство за вистинските потези, но бидете трпеливи во комуникацијата со колегите.
Љубов: Зафатените бикови може да имаат многу нежен и емотивен ден со партнерот, полн со блискост и заемно разбирање. Слободните може неочекувано да влезат во приказната со личност од нивниот круг на пријатели – хемијата е силна, но и несигурноста.
Здравје: Можна чувствителност на вратот и рамениците. Одморајте доволно.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Добар ден за креативни идеи и презентации. Вашиот ум е бистар, но некој од опкружувањето може да ви предизвика сомнеж – не дозволувајте енергијата да ви биде расфрлена на повеќе страни.
Љубов: Зафатените денес може да имаат потреба за разговор кој ќе разреши некоја стара тема – не игнорирајте ги емоциите на партнерот. Слободните може да запловат во многу жива конверзација, која лесно може да прерасне во нешто повеќе – спој на разум и страст.
Здравје: Нервната напнатост може да ви предизвика главоболка – одбегнувајте конфликти.
РАК
Работа: Добар момент да го завршите тоа што сте го започнале. Вашиот авторитет е силен и луѓето ве гледаат како потпора – затоа, внимателно одбирајте ги зборовите.
Љубов: Зафатените ракови може да ги средат несогласувањата со партнерот и да ја зацврстат врската. Слободните може да почувствуваат магнетна привлечност кон личност што ги предизвикува да се отворат емоционално – но за тоа ќе треба и искреност.
Здравје: Чувствителен стомак и варење – одбегнувајте тешка и масна храна.
ЛАВ
Работа: Може да ви се отвори нова врата – но само ако сте подготвени да признаете дека не знаете сѐ и да прифатите совет. Може да очекувате вести што ви даваат нова перспектива за работните приоритети.
Љубов: Зафатените лавови денес ќе сакаат повеќе слобода, што партнерот може да го сфати погрешно. Слободните ќе им бидат привлечни на другите и лесно може да започнат флерт, но ќе им биде тешко да ги одвојат емоциите од егото.
Здравје: Обрнете внимание на дишните патишта и одбегнувајте претерано изложување на сонце.
ДЕВИЦА
Работа: Работната етика ви е беспрекорна, но денес некој може да ви замери што сте премногу критични. Научете како да бидете јасни, а не строги.
Љубов: Зафатените може да имаат ситни несогласувања со партнерот поради ситници – одбегнете ја потребата сѐ да биде по ваше. Слободните девици може да ги привлече личност која им се чини како предизвик, но тука има повеќе страст отколку стабилност.
Здравје: Зголемениот стрес може да предизвика напнатост во мускулите на вратот и грбот.
Поврзани објави
ТЕРЕЗИЈА
Работа: Денот ви носи успех во тимската работа, особено ако ги слушате сугестиите на соработниците. Ќе имате можност да се истакнете, но без потреба за доминација.
Љубов: Зафатените може да почувствуваат хармонија и задоволство под услов да ги решиле емотивните тензии со саканата личност претходните денови. Слободните ќе ги привлече личност што делува мистериозно, но и многу интригантно.
Здравје: Чувство на замор, ви треба квалитетен сон.
СКОРПИЈА
Работа: Можеби ќе ви се чини дека немате сѐ под контрола, но тоа не би требало да ве обесхрабри. Денес повеќе ви се исплати да ја слушате интуицијата отколку да го следите планот.
Љубов: Зафатените скорпии може да посакаат дистанца и внатрешен мир – важно е јасно да му го кажете тоа на партнерот. Слободните може да имаат ненадејна средба што ќе ги разниша од темел.
Здравје: Хормонска неурамнотеженост, одморајте повеќе.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Може да донесете одлуки што ќе имаат долгорочни последици. Бидете мудри во преговорите, бидејќи спротивната страна може да има скриени адути.
Љубов: Зафатените ќе водат подлабок разговор со партнерот за идните планови. Слободните стрелци може да го обноват контактот со некој од минатото – внимателно со тие емоции.
Здравје: Напнатост во ‘рбетниот столб – одбегнувајте физички напори.
ЈАРЕЦ
Работа: Од вас се очекува стабилност и сила – и вие можете да го дадете тоа. Сепак, денес може да ви измори одговорноста што ја преземате и за другите.
Љубов: Зафатените јарци може да ја освежат врската со спонтан гест на внимание. Слободните може да започнат подлабок разговор со личност која досега ја доживувале како пријател.
Здравје: Внимавајте на притисокот и циркулацијата.
ВОДОЛИЈА
Работа: Можна неочекувана понуда или идеја. Денес ве води интуицијата, но не заборавајте да ги проверите сите факти претходно.
Љубов: Зафатените водолии може да имаат потреба за поголем слободен простор. Слободните може да доживеат средба што ќе им се чини судбинска – но може да биде и многу нестабилна.
Здравје: Пијте повеќе вода и одбегнувајте да вечерате доцна.
РИБИ
Работа: Чувствувате силна поврзаност со работа што има смисла и вредност. Добар момент да се издвоите со хуман или креативен пристап.
Љубов: Зафатените може да доживеат многу емотивни моменти со партнерот особено ако се подготвени да се отворат. Слободните риби може да запознаат личност што им ги чита мислите – комуникацијата може да биде интуитивна и длабока.
Здравје: Можна пречувствителност на стапалата или долните екстремитети – одморете.