Почетна Убавина и здравјеЕва Соколовска освои злато во Гермaнија за крај на сезоната – Убавина и здравје

Ева Соколовска освои злато во Гермaнија за крај на сезоната – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Нема поубаво кога крајот на сезоната ќе се закитиш со медал. Токму тоа го направи и нашата Ева Соколовска, која на републичкиот натпревар по ритмичка гимнастика во Германија освои злато.

Илина и Ева Соколовски се македонски девојчиња кои со семејството живеат во Германија и кои речиси и да нема натпревар а да не се закитат со медали.


Поврзани објави

Ева последниве два месеци настапуваше и во јуниорска категорија, каде постигна одлични резултати .Таа во големото германско финале во група го освои четвртото место, додека минатиот викенд  се натпреваруваше самостојно со три кореографи на интернационалниот турнир во Северна Вествалија, поточно во градот Верне каде освои злато. Ева учествувше со уште 25 натпреварувачки во јуниорска категорија, настапи со топка, холохоп и чуневи и благодарение на талентот и среќата и тргна се од рака и во трите кореографи имаше највеке бодови , а тоа и го донесе првото место.

Но, ова не е се за овие наши девојчиња. Тие ни открија дека откако ја завршија оваа сезона ги очекува уште еден предизвик. Илина и Ева по трет пат ќе ги бранат боите на Македонија на Балканско првенство.

Илина, пак, пред неколку недели ги бранеше боите на Македонија на натпревар во Баку,  Азербејџан.

Илина и Ева заслужено заминуваат на летен одмор и, како што велат, едвај чекаат бидејќи одморот за нив значи доаѓање во Скопје. Но, и ова доаѓање нема да биде класичен летен одмор за нив,. Од тука, од нивното родно Скопје почнуваат подготовките за следната сезона, каде ги очекуваат нови успеси…