Легендата на естрадата Здравко Чолиќ одби настап само затоа што…
Музичката легенда Здравко Чолиќ одби настап во еден клуб во Црна Гора, иако му понудиле дури 50.000 евра. Причината? Концертот требало да започне во 1:30 по полноќ – премногу доцна за пејач кој веќе си има воспоставени правила и рутини.
Иако оваа висока сума би мотивирала многумина, Здравко Чолиќ има толку успешна кариера што може да си дозволи да бира каде и кога ќе настапува. Мирот и сонот му се приоритет, па не прифаќа доцни настапи, без разлика на хонорарот.
Поврзани објави
Чолу го викнаа неодамна да пее во Црна Гора. Понудата беше 50.000 евра, што е и неговата стандардна цена. Но, бидејќи настапот беше закажан во 1:30 часот по полноќ, тој одби. За него тие пари не прават разлика“ – изјавил извор.
Иако клубот не се откажува и се надева дека ќе најдат компромис, годинава Чолиќ го смени пристапот. За разлика од своите колеги, тој нема екстравагантни барања – само сака подигната бина, без нарачки песни и фотографирање со гости на приватни забави.
printskrin Youtube-blic colic