Иако речиси секој има свој начин на подготовка, еден Турчин објасни како традиционално се подготвува турското кафе и тврди дека рецептот е многу поедноставен отколку што многумина мислат.
Турското кафе е еден од омилените напитоци на Балканот, но начинот на неговата подготовка често предизвикува дебати. Речиси секој има свој рецепт, па на социјалните мрежи кружат различни совети за тоа колку кафе треба да се стави и како правилно да се свари. Некои го подготвуваат со ладна вода, додека други прво ја загреваат водата.
Еден од почестите начини е во ладна вода да се стават две лажички кафе, по што смесата се меша и се остава да зоврие. Џезвето потоа се трга од оган, а постапката според овој рецепт се повторува уште неколку пати. По подготовката, кафето се остава кратко за талогот да се спушти, а шеќерот и млекото се додаваат според вкус.
Поврзани објави
Постои и поинаков начин на подготовка, при кој прво се загрева половина шолја вода до вриење, а потоа се додава кафето. Џезвето повторно се враќа на оган и се чека кафето да почне да се крева, додека шеќерот се додава на крајот. Според друг рецепт, во џезвето веднаш се ставаат вода, кафе и шеќер, а смесата се загрева додека кафето не почне да се крева.
Во дискусијата се вклучил и еден Турчин, кој понудил многу поедноставен одговор за традиционалната подготовка. Тој објаснил дека за секоја шолја вода треба да се стават две чајни лажички кафе, добро да се промеша и да се стави на тивок оган. Кога кафето ќе нарасне и ќе се појават меурчиња, тоа е знак дека е готово за послужување – едноставно, без непотребно повторување на постапката.
pexels – tursko kafe