Фотографија од школските денови…
Познатиот водител, музичар и автор на најгледаните ТВ формати, Жика Јакшиќ, пред неколку месеци објави фотографија од своите школски денови на Инстаграм, што разнежни многу фанови. Но зад насмевката на тоа момче се крие приказна за емоции, страст и живот исполнет со предизвици.
На крштевање добил име Саша, но поради бурниот темперамент во детството, околината почнала да го нарекува Живчан. Кога излегла песната „Жика Живац“ од Рибља Чорба, надимакот Жика му останал засекогаш.
Поврзани објави
Роден е во скромно семејство во Александровац, каде мајка му била учителка, а татко му технолог. Завршил Педагошка академија, а подоцна се преселил во Белград каде паралелно со студиите започнал музичка кариера. Подоцна неколку години живеел во Германија и Швајцарија, каде работел најразлични работи – од диџеј до спасувач на базен.
Во последниве недели, Жика Јакшиќ се повлече од јавноста поради нарушено здравје. Иако нема официјална потврда, се шпекулира дека претрпел мозочен удар. Фановите се надеваат на негово целосно закрепнување и враќање на сцената каде што остави длабока трага.
Instagram printscreen/zika.jaksic