Рокерот раскажа како едно погрешно толкување предизвикало голем шок во семејството
Рокерот Ѓорѓе Давид отворено проговори за моментот кога воспитувачка им соопштила дека постои сомнеж дека неговата ќерка Сташа има лесна форма на аутизам. Причината била тоа што таа долго време не зборувала, а другите деца не ја разбирале кога се обидувала да комуницира. Веста силно ја потресла неговата сопруга, додека тој веднаш почувствувал дека дијагнозата не е точна.
Ѓорѓе објасни дека со сопругата направиле необичен потег – кога Сташа имала година и пол, ѝ дале мобилен телефон подесен на англиски јазик. Детето многу брзо проговорило, и тоа течно на англиски, без акцент, па дури и почнале да водат цели разговори на тој јазик.
Поврзани објави
Кога тргнала во градинка, воспитувачката забележала дека децата ја следат Сташа, но не ја разбираат, бидејќи зборувала на англиски. Токму тоа било протолкувано како „аларм“, иако, според Ѓорѓе, станувало збор само за јазична разлика, а не за развоен проблем.
Денес Сташа има 11 години и зборува повеќе јазици – англиски, кинески и германски, а српскиот сè уште ѝ доаѓа потешко. Ѓорѓе со насмевка раскажува дека таа самата е свесна за тоа и сака да се „поправи“, што за него е доказ дека станува збор за исклучително интелигентно и љубопитно дете.
printskrin youtube – FullScreen Media – dzorde david