Инцидент пред настап – Рале влезе во расправија и ја прекина Ана среде интервју.
Горан Ратковиќ Рале, партнерот на пејачката Ана Николиќ, направи љубоморна сцена пред нејзиниот настап во Будва. Ситуацијата се вжешти кога Рале влета среде нејзино интервју и почна да вика, обвинувајќи го новинарот Божо Добриша дека ја провоцира Ана.
Присутни велат дека Божо ја прашал Ана зошто не добила прстен за свршување, по што Рале се налутил и прекинал сè. Ја зграпчил Ана за рака и ја одвел кон бината, за да спречи поголем конфликт.
Поврзани објави
По концертот, Рале повторно му пришол на Божо и му се пожалил дека постојано го спомнува во медиумите. Дури му рекол дека ако продолжи така, „следниот пат ќе го претепа“.
Новинарот Божо изјави дека не сака да прави драма од вечерта и ја пофали Ана за настапот.
printskrin Youtube-blic tv rale