Република Северна Македонија ќе пушти во употреба два нови коловози за излез и еден дополнителен коловоз за влез на товарни возила на граничниот пункт „Богородица“, изјави денес министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Министерот истакна дека со овој чекор се предвидува значително растеретување на сообраќајниот метеж кој е честа појава во текот на летните месеци, особено поради големиот број туристи од околните земји кои патуваат кон Грција, како и дека задржувањата кои траат и по неколку часа, се очекува да се сведат на минимум со зголемување на пропустливоста и продуктивноста на граничниот премин.
Тошковски најави и долгорочна стратегија – пренасочување на товарниот сообраќај кон друг граничен премин, слично на решението што веќе го практикува Грција. “”, рече тој.