Почетна Убавина и здравјеУжасно е тоа што морале да го трпат локалните жители цели три дена! – Убавина и здравје

Ужасно е тоа што морале да го трпат локалните жители цели три дена! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Многумина сметаат дека свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез направила уште поголем јаз помеѓу богаташите и луѓето кои секојдневно се соочуваат со финансиски проблеми

Наместо свечена атмосфера и локална гордост, венчавката на милијардерот Џеф Безос и неговата избраничка Лорен Санчез предизвика бран на незадоволство меѓу граѓаните на Венеција. Очекуваниот спектакл, кој медиумите го нарекоа „свадба на векот“, се претвори во симбол на отуѓувањето на богатите од реалноста на обичниот свет.

Според информациите на реномирани британски и италијански медиуми, локалните жители се соочиле со низа непријатности: затворени пристапи, резервирани хотели, блокирани линии на воден превоз, како и со масовно пристигнување на славни и ВИП-гости со приватни авиони и јахти.

Градот како театар – без публика

За потребите на свадбениот викенд, речиси целиот дел од венециската лагуна бил под приватен надзор. Вапорети, градските водени автобуси, биле пренасочени или сопрени за да се обезбеди непречен превоз на гостите. Граѓаните останале без превоз, без можност слободно да се движат, а во некои случаи и без пристап до сопствените улици.

„Венеција се претвори во театар“, изјавил еден локален активист за La Repubblica.

„Ние кои живееме тука, сведочиме на тоа како нашиот град станува реквизит за глобалната елита.“


Поврзани објави

Еколошкиот печат на гламурот

Дополнителна контроверзност предизвикала и информацијата дека во Венеција пристигнале околу 90 приватни авиони. Еколошки групи процениле дека свадбата оставила огромен карбонски печат, спротивен на секое залагање за одржливост. Групата No Grandi Navi симболично се обидела да блокира дел од лагуната, додека членовите на организацијата Extinction Rebellion фрлиле кукла на Џеф Безос во каналот, обвинувајќи го за непочитување на локалната заедница и природното опкружување.

Симбол на расколот

Свадбата, која вклучувала настапи на познати музичари, трпези на вода и повеќе промени на локациите во последен момент (заради безбедност и протестите), станала метафора на сè подлабокиот раскол помеѓу супербогатите и обичните граѓани. Додека гостите славеле, многу венецијци буквално бегале од градот, за да го одбегнат метежот, сообраќајниот колапс и чувството на отфрленост од сопствениот живот.

Наместо да биде романтична бајка, свадбата на Џеф Безос во Венеција ги покажала сите пукнатини на модерното општество – како ексцесот на една двојка може да го наруши животот на целиот град. И додека љубовта несомнено заслужува да се прослави, граѓаните на Венеција испратиле јасна порака: прославата е ствар на личен вкус – но треба да се има мерка!