Почетна ЕкономијаГерманија апелира до Иран за соработка со МААЕ

Германија апелира до Иран за соработка со МААЕ

од nenad
1 минути читај за

Германскиот шеф на дипломатијата, Јохан Вадефул, апелираше денеска до Техеран да не ја прекинува соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), информира ДПА.

“Раководството во Техеран мора цврсто, јасно и транспарентно да изјави дека Иран не се стреми кон нуклеарно оружје”, изјави Вадефул пред новинарите за време на неговата средба со канадската министерка за надворешни работи, Анита Ананд, во Берлин.

Тој додаде дека одлуката на иранскиот парламент да ја прекине соработката со МААЕ претставува крајно погрешен сигнал.

За да биде важечка, таа одлука мора да добие одобрение од уште две тела – Советот за безбедност, предводен од врховниот лидер на Иран, ајатолахот Сејед Али Хамнеи, и Советот на чувари, кој ја надгледува усогласеноста на законите донесени од парламентот со исламските принципи и Уставот.

“Ја повикувам иранската Влада да не го следи овој пат”, заклучи Вадефул.