Легендарната Зорица Брунцлик и нејзиниот сопруг Мирољуб Кемиш тестираа гурманско мени покрај базенот пред свадбата.
Големата српска фолк-дива Зорица Брунцлик и нејзиниот сопруг, хармоникашот Мирољуб Кемиш, направија дегустација на солени деликатеси што ќе се служат на нивната свадба на 29 јуни во дворот на нивниот дом во Крњача, покрај базенот.
Менито е вистински гастрономски спектакл испланиран до најмали детали – ќе се служат традиционални специјалитети како домашна супа со кнедли, сарми во лозови листови, печење под сач, полнети пиперки, домашни пити, сирења, кајмак, па и „телечка глава во шкембе чорба“, како и многу риба и избор од салати.
Поврзани објави
Покрај храната, ќе има и селектирана домашна ракија. Слатките деликатеси, во комбинација со розовата декорација и златните чинии, создаваат вистинска бајковита свадбена атмосфера.
За комплетирање на гламурозниот амбиент, Зорица лично ја дизјнирала и поканата за свадбата, украсена со бело розеви симболи на љубов и вечност, со што целиот настан добива дополнителна магија.
printskrin Youtube-blic