Пратеникот и претседател на Демократски сојуз, Павле Трајанов, на прес-конференција во Собранието соопшти дека денеска поднесе Предлог-закон за борба против тешките облици на организиран кримиал и висока корупција до собраниските служби. Законот, како што рече, ќе овозможи искоренување на тешките облици на корупција, неселективна војна против криминалот и имплементација на европските вредности. Трајанов предлага формирање на независна агенција отпорна на партиски, коруптивни или бизнис влијанија, со професионалци за откривање на тешки облици криминал кои го прават носители на високи државни функции. Тој предложи и забрана на политичко дејствување до 10 години, ако некој е осуден за вклучување во тешки облици на организиран криминал. Tрајанов најави дека законот ќе биде донесен до крајот на март.
Трајан жела Независну агенцију која се бори против корупције и криминала.
79
претходен текст