Барселона е во барање на напаѓач кој би можел во долгосрочен период да го замени Роберт Левандовски (34) откако тај ќе одлучи да го напушти клубот или да ја заврши кариерата. Еден од главните кандидати е Витор Роке, 18-годишен напаѓач на бразилскиот клуб Атлетико Паранаенсе.
Цената на овој бразилски талент е 40 милиони евра, многу повисока од во можностите на Барселона поради нивните финансиски проблеми. Преговорите се уште во тек, а Барселона бара плаќање во рати со бразилскиот клуб.
Витор е способен да игра на повеќе позиции во нападот, но најдобрата позиција е центар напаѓач, каде што со брзина, интелигентно движење и мирна реализација во завршницата може да го замени Левандовски. Овие атрибути го привлекоа вниманието на неговиот претходен тренер Луис Фелипе Сколари.
“Неговата најдобра позиција е број 9. Може да игра на тој дел од теренот, може постојано да наоѓа простор и добро да учествува во другите аспекти на играта”, изјави поранешниот селектор на Бразил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
