Оксидативниот стрес настанува кога постои дисбаланс помеѓу производството на слободните радикали и способноста на телото да ги неутрализира со помош на антиоксиданси
Експертите посочуваат дека многу е важно да се разбере оксидативниот стрес и како тој влијае врз организмот.
„Тоа е нешто што лежи под сите болести, причина за сите болести. Оксидацијата е ‘рѓа и таа поттикнува воспаленија, кои не се гледаат во органите, тие се внатре. Но оксидативниот стрес го поттикнува и стареењето на кожата, предизвикува кафени флеки на рацете… тоа се знаци дека телото е под влијание на слободните радикали, кои ги оптоваруваат клетките, колагенот, ‘рскавицата, кожата“, објаснуваат експертите.
Поврзани објави
Исто така, објасниле како преголемата количина на шеќери и масти влијае врз организмот.
„Тоа се производи на нашиот метаболизам. Ако во нашето тело има премногу шеќери, масти, протеини, нашата ‘фабрика’ работи и го отстранува вишокот преку ауспухот, кој едноставно не може да се претвори во енергија. Кога на тоа ќе се додадат воздухот, водата, зрачењето, телекомуникациите, сите тие го поттикнуваат развојот на слободните радикали, кои предизвикуваат болести на срцето, зглобовите, автоимуни болести, на кои се заснова оксидативниот стрес, односно за’рѓувањето на нашето тело“, истакнуваат експертите.