Замислете сладолед со само 4 состојки кој можете да го јадете дури и кога сте на најстрога диета?
Блогерката Марија Бандука (@little.kitchen) смисли рецепт за токму таков чист летен десерт. Јагоди полни со антиоксиданси, грчки јогурт кој е богат со протеини, малку мед како замена за шеќер и единственото чоколадо што можете да го јадете на диета: црно, со најмалку 80 проценти какао. Блендер, калапи за сладолед и наскоро ќе имате вкусен, освежувачки десерт.
Како да направите сладолед од четири состојки?
За да го направите ова слатко без шеќер, треба да подготвите: 150 грама грчки јогурт, 100 грама јагоди, 2 лажички мед и 100 грама темно чоколадо. Измешајте го грчкиот јогурт, јагодите и медот во блендер, а потоа наполнете ги калапите за сладолед. Откако сладоледот ќе отстои во замрзнувач најмалку 4 часа, растопете го темното чоколадо на пареа и внимателно прелијте го врз сладоледот.Вратете го во замрзнувачот за да се стегне глазурата. По кратко чекање (до 30 минути), вашиот сладолед од 4 состојки е готов. Добар апетит!
Поврзани објави
Фото: Freepik.com