Почетна Убавина и здравјеНа многу жени не им се допаѓа овој модел – Убавина и здравје

На многу жени не им се допаѓа овој модел – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Дали вам ви се допаѓа овој модел?

Светскиот џет-сет традиционално се собира во текот на зимата во Аспен – престижен ски-центар сместен на падините на планините Роки во Колорадо, каде што уживаат во спортски активности, купување луксузна облека, прошетки и ручеци. Деновиве токму таму одмора и еден од најбогатите брачни парови во светот – Лорен и Џеф Безос.

Двојката била фотографирана како шета по улиците на најскапиот град во САД, во опуштено издание, а Лорен овојпат била закопчана до грло – вистинска реткост за неа.

Поврзани објави

Со црн џемпер таа искомбинирала фармерки кои, според мислењето на модните познавачи, ќе станат главен тренд во 2026 година. Сепак, овој модел не ги воодушеви сите дами – напротив, многумина сметаат дека визуелно додава килограми и ги прави нозете подебели отколку што навистина се. Според тоа, се чини дека овој крој најмногу им прилега на жени со извајано тело.

Нов тренд – скулптуралeн деним

Фармерките се наоѓаат во една од своите најголеми трансформации досега, а 2026 година се профилира како период кога дури и најверните љубители на тексасот ќе ги преиспитаат своите досегашни избори. Наместо силуети што со сезони се повторуваат, фокусот се префрла кон нов правец во кој се движи овој моден класик.

Скулптуралниот деним внесува силен визуелен израз во секојдневното облекување, со акцент на формата, волуменот и неочекуваните детали. Нагласените рабови, архитектонските линии и драматичните пропорции – како популарните barrel модели – ќе функционираат како клучно парче што ќе доминира со целиот изглед во наредната година.