Едно од прашањата на кои секогаш се бара одговор е како да се биде вистински среќен, а овој психотерапевт сфатил дека доброто ментално здравје, всушност, зависи од само 2 работи
По четири децении работа, познат психотерапевт смета дека клучот за добро ментално здравје се содржи во две работи.
„Сè што сум научил за менталното здравје на човекот би можел да го сведам на два носечки столба: ориентацијата да се живее на сопствена сметка, а не на туѓа и ориентацијата кон вистината, а не кон лагата“, истакнал психотерапевтот.
Токму од тоа зависи емоционалната зрелост кај секој човек.
Поврзани објави
„Емоционалната зрелост почива на овие два столба, а сите видови емоционални проблеми извираат од недостатоците во овие носачи на идентитетот и интегритетот. Првиот столб во психоанализата го нарекуваат сепарација и индивидуализација, а вториот столб – тестирање на реалноста и здрав нарцизам“, објаснил познатиот психотерапевт и додал:
„Сите се раѓаме како паразити и егоцентрични битија. Созревањето се состои во надминувањето на овие две тенденции. Паразитирањето се развива во способноста за заемност, а детскиот егоцентризам и нарцизам во ориентацијата кон реалноста и зрелата, реалистична самопочит. На децата убаво им стојат овие ориентации, бидејќи се деца, слатки, мали незрели битија. Овие тенденции кај возрасните се основата на психопатологијата. Ако не се развиваме во насока на индивидуализација, остануваме ориентирани кон манипулација, искористување на другите, зависност, игри… Ако не развиваме ориентација кон вистината, реалноста, зрелото вреднување на себеси и другите, остануваме ориентирани кон градење лажни имиџи, нарцистички шарени лаги…“
Како што познатиот експерт истакнува, едноставната вистина гласи вака: ако сакаш да бидеш ментално здрав, не лажи и не ги искористувај другите (ниту себеси). Колку повеќе се оддалечуваш од оваа едноставна вистина, толку поголема будала ќе бидеш.
ФОТО: UNSPLASH