Дамијан се разликува од другите по својот андроген стил
Синот на популарната британска актерка Елизабет Харли, 21-годишниот Дамијан Харли, знае како да го привлече вниманието на фотографите и на јавноста. Имено, манекенот за кого сите велат дека има неверојатна женска убавина, моментално ужива во Портофино на летен одмор со девојката – уметницата Мили Грифитс. Двојката се опуштила на плажа, пливале и се фотографирале во разни пози, па јасно биле дека сосема заборавиле на будното око на папараците.
Со оглед на тоа што уживале во разменувањето нежности, јасно е дека љубовта им цути. Сепак, на социјалните мрежи често може да се прочитаат коментари дека се многу нескладен пар, како и дека Мили е засенета од убавината на својот партнер.
Дамијан последниве неколку години стана многу барано лице во светот на модата и стекна голем број обожаватели, па на Инстаграм го следат речиси 150 илјади луѓе. А неговата работа ја фали и Ирина Шајк, една од најбараните манекенки денес.
Поврзани објави
Дамијан се разликува од другите по својот андроген стил. Имено, младото момче не се плаши да стави шминка или да облече женска облека. Нему најмногу му годи кога ќе се облече речиси исто како неговата мајка, актерката Елизабет Харли.
Изгледа дека тоа воопшто не ѝ пречи, па и самата со задоволство споделува фотографии на кои се идентично облечени.
„Секогаш велам: не сакаш на луѓето да им биде здодевно со тебе. Мораш да знаеш сè за географија, историја, древна историја, тоа е интересно. И потоа, секако, ако сака да биде, и ако е доволно талентиран и среќен за да стане филмска ѕвезда, тоа би било многу, многу добро. За мене, тоа би било како шлаг на тортата откако ќе стане комплетна личност“, истакнала Елизабет.
Инаку, Дамијан и Лиз се неразделни и често поминуваат време заедно, а тој дури и ја фотографира својата мајка топлес! Нивниот однос неретко е тема на таблоидите во Велика Британија и повеќепати бил окарактеризиран како „непримерен“ и „бизарен“. Дури и познатиот британски новинар Имон Холмс во својата емисија го окарактеризирал овој однос како „многу чуден“.