Почетна Убавина и здравјеЗорица и Кемиш ги бројат ситно – Подготовките за свадба се во полн ек, а еве како изгледа поканата (ФОТО)

Зорица и Кемиш ги бројат ситно – Подготовките за свадба се во полн ек, а еве како изгледа поканата (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за



Пејачката Зорица Брунцлик и хармоникашот Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш конечно ќе ја направат свадбата на која сите чекаа.

Пејачката Зорица Брунцлик и нејзиниот сопруг, хармоникашот Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш, по 40 години заеднички живот решија да ја обноват својата љубов преку голема гала-свадба. Поканата веќе е испратена и го најавува настанот за 29 јуни.

Тој датум не е случаен – истиот ден Зорица го слави својот 70-ти роденден, па свадбата ќе биде двојна прослава. Настанот ќе се одржи во нивниот дом во Крњача, со шатор и свечена декорација.

Фото информаер – printskrin


Поврзани објави

Поканата е во златни букви и содржи емотивна порака:

Срцето и понатаму избира исто… повторно ќе изговориме ‘ДА’“. Сите блиски пријатели се повикани да бидат дел од овој важен момент“.

Се очекува вистински спектакл – со богато мени, музика, специјални гости и венчаница што Зорица ќе ја облече за првпат во животот. Естрадата со нетрпение го очекува овој голем ден.

zorica brunclik printskrin rodenden