Не само што постојат повеќе различни видови оргазми што можете да ги доживеете, туку оргазмите се манифестираат различно кај секого.
Сексот е цел универзум на сензации, емоции и откритија. Иако повеќето луѓе го поврзуваат оргазмот само со генитална стимулација, човечкото тело крие многу повеќе потенцијал за задоволство.
Подгответе се да откриете како вашето тело може да ве изненади и воодушеви на начини што досега не сте ги искусиле.
Енергетски оргазам
Уникатен тип на оргазам кој не е нужно поврзан со директна физичка стимулација. Тој претставува ослободување на акумулирана енергија и тензија од телото, умот и, кај некои, дури и од духот. За разлика од класичниот оргазам кој е локализиран во гениталната област, енергетскиот оргазам се шири низ целото тело, предизвикувајќи чувство на трнење, отвореност во градите и длабока релаксација. Може да се доживее преку медитација, тантрички практики, длабока поврзаност со партнерот, па дури и преку чинот на давање задоволство. Овој тип оргазам е често опишан како состојба на блаженство, единство и мир, каде што границите на телото се разлеваат и се чувствува еуфорија која трае подолго од вообичаеното.
Емоционален оргазам
Доживување што произлегува од интензивно ослободување на емоции, без нужно да биде поврзано со сексуална стимулација. Тоа е момент кога телото и умот дозволуваат на емоциите, без разлика дали се радост, тага, гнев или љубов, целосно да се изразат, што резултира со физичка и психичка катарза. Како и при сексуалниот оргазам, телото може да доживее длабоко дишење, мускулни грчеви, звук и олеснување. Тоа може да се случи по силна смеа, длабок плач или интензивен гнев, оставајќи чувство на ослободување и прочистување. Емоционалниот оргазам е потсетник дека телото и умот се тесно поврзани, и дека вистинската интимност понекогаш доаѓа токму преку емоционалната искреност.
Оргазам преку брадавиците
Оргазмот преку брадавиците е можен и за многумина изненадувачки тип на оргазам кој не вклучува директна генитална стимулација. Брадавиците се моќна ерогена зона, богата со нервни завршетоци што се поврзани со истите мозочни центри како и гениталиите. При нивна интензивна и внимателна стимулација, тие можат да активираат слични невролошки реакции како и при класичен оргазам, вклучувајќи и ослободување на окситоцин, хормонот на задоволство и поврзаност. Овој вид оргазам бара трпение, внимание и доверба, бидејќи може да биде подеднакво емоционално и физички интензивен. Со вклучување на свесност и тантрички пристап, стимулацијата на брадавиците може да донесе длабоко задоволство кое се чувствува низ целото тело, а често се опишува како „внатрешен бран“ кој започнува од градите и се шири нагоре, па дури и до мозокот.
Поврзани објави
Коргазам е термин што го опишува оргазмот што некои луѓенајчесто жени, го доживуваат за време на вежбање, особено при стомачни вежби. Иако звучи изненадувачки, физиолошките сличности меѓу вежбањето и сексуалниот одговор ,забрзано дишење, контракции на мускулите, зголемен срцев ритам и проток на крв, создаваат идеални услови за тоа.
Во студијата од 2012 година објавена во Sexual and Relationship Therapy, жените пријавиле дека најчесто коргазмите се случувале при абдоминални вежби, но и при:
-
Кревање тегови (26,5%)
-
Јога (20%)
-
Возење велосипед (15,8%)
-
Трчање (13,2%)
-
Пешачење (9,6%)
Околу 40% од жените кои го доживеале ова, го почувствувале повеќе од 10 пати, што укажува дека не е исклучителна или ретка појава.
Иако механизмите сè уште се испитуваат, едно е сигурно: контактот со јадрото на телото (core), длабокото дишење и концентрацијата на движењата имаат важна улога. Тантричките практики на дишење, кои го насочуваат и продлабочуваат чувството на возбуда, може да го засилат ефектот и да го продолжат оргазмот , дури и од пет на триесет секунди, според Фолсом.
Во контекст на партнерскиот секс, истите принципи важат: вниманието, дишењето, телесната свесност и отворената комуникација можат да направат голема разлика во квалитетот на задоволството.
Со еден збор, телото знае како да ужива, понекогаш дури и без директна сексуална стимулација. Само треба да го слушаме.
Фото: Pexels.com