Почетна Убавина и здравјеОваа учителка е хит на мрежите – нејзиниот подарок за учениците го обиколи светот (ФОТО)

Оваа учителка е хит на мрежите – нејзиниот подарок за учениците го обиколи светот (ФОТО)

од nenad
2 минути читај за

На учениците од основното училиште во Оксфорд, Англија, крајот на учебната година им донесе изненадување за паметење. Нивната учителка Сара Шабир направи 30 рачно плетени кукли, секоја во ликот на нејзиниот ученик, во кои вложи 240 часа работа и многу љубов.

Учителката Сара пронајде посебен начин да им ја покаже својата љубов и благодарност на учениците на крајот од учебната година. За време на неколку месеци, таа поминала дури 240 часа плетејќи минијатурни верзии на сите 30 ученици од третото одделение.

За секоја персонализирана кукла ѝ биле потребни околу осум часа работа, а Сара посветила посебно внимание на деталите – од фризури до облека и бои, известува „Good News Work“.

Инспирација нашла во хоби што го открила за време на карантинот во 2020 година, а нејзината желба била да им остави на секое дете уникатен спомен на времето поминато заедно.

Чувствувам огромно задоволство што успеав да го завршам овој проект, но најголемата награда беше радоста што ја покажаа децата кога ги видовa куклите,“ напишала Сара на Инстаграм.

Една од мајките, Јоана Борисијак, ги споделила фотографиите на мрежата X, со воодушевен коментар дека учителката е „првата GOAT“ (Greatest of All Time – најдобра на сите времиња). Објавата брзо стана вирална.

Сара признала дека најголем предизвик ѝ бил да ги постигне најреалните нијанси на кожа, боја на коса и фризури. За да оди се’ според планот, направила и табела за да го следи напредокот и да означува кои кукли се завршени.


Поврзани објави

На крајот, на учениците прво им ги покажала фотографиите и ги замолила да погодат кој е кој, а потоа им ги поделила нивните мини-верзии.

Децата биле воодушевени, си играле со куклите и дури ги чешлале нивните „фризури“.

Беше прекрасно да се гледа колку ги израдува тоа,“ вели Сара.

Благодарноста на учениците и родителите покажува дека овој гест направил многу повеќе од обичен подарок – тој ја претворил секојдневната училишна рутина во спомен за цел живот.

Несомнено, Сара ќе остане запаметена како учителка која оставила посебен белег, не само во срцата на своите ученици, туку и меѓу колегите наставници.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Инстаграм