Овен
Работа: Понеделник ви носи наплив на ментална енергија, но и напнатост во контактите со властите или колегите кои не се во чекор со вашето темпо. Не форсирајте нешта – некои ситуации може да се решат само со трпение и дипломатија, без разлика колку тоа е спротивно на вашиот импулс.
Љубов: Емоциите се интензивни, а страстите се подигнати на повисоко ниво. Сепак, денес не е ден за докажување, туку за нежност и разбирање. Партнерот може да биде поповлечен, а вие сте пречувствителни. Слободни, средбата со личност од минатото може да разбуди силни емоции, но и да донесе внатрешен немир.
Здравје: Нервната напнатост може да влијае на желудникот и респираторниот тракт. Дајте си простор да дишете, буквално и метафорично.
Текстот продолжува на следната страна