Стојанче Ангелов, челник на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), изјави дека очекува ДЗС и Центарот за управување со кризи да се спојат во една институција по завршувањето на локалните избори.
“Се чувствувам како „мајстор којшто поправа расипани работи“,” изјави Ангелов.
Тој потсети: “Минатиот пат кога претходниот премиер ме прати во ЦУК ме прати да ја доведам институцијата во ред бидејќи беше пропадната и нефункционална во пресрет на ковид кризата.”
“Сега премиерот ме праќа по наш претходен договор да ја кренам ДЗС која се наоѓа би рекол во хаотичн а состојба,” изјави Ангелов во емисијата Тема на денот на ТВ Сител.
Ангелов изрази надеж дека ДЗС и ЦУК ќе се обединат и дека, благодарение на силната поддршка од премиерот Христијан Мицкоски, овој процес би можел да се заокружи по завршувањето на локалните избори. Тој ја опиша состојбата во ДЗС како исклучително тешка, делумно поради фактот што претходниот директор е во притвор поради трагедијата во Кочани, што дополнително ја влоши и онака тешката ситуација.
“Во овој момент состојбата со Ер тракторите е исклучително комплицирана. Едниот Ер трактор го вративме од сервис.” За останатите два, тој изјави: “Останатите два би рекол се на сервис но заглавени поради финансиски потешкотии бидејќи Дирекцијата не може сама да ги сноси трошоците, кои ги надминуваат планираниот буџет но верувам дека со силна поддршка на прфемиерот и на Владата ова ќе биде надминато.”
Тој исто така спомена дека се во тек разговори со потенцијални пилоти поради недостаток на кадар. “Веќе имал средба со еден пензиониран пилоти и оти верува дека ќе постигнат компромис и дека ќе помогнат и ова лето.”
“Гледаме,” рече Ангелов, “и стратешки и долгорочно, размислуваме како да произведеме наши нови пилоти.”