11
Судски совет денеска попладне, на затворена седница, го разрешил апелациониот судија Енвер Беџети, објави телевизија Телма. Беџети, заедно со ексвицепремиерот Артан Груби, на почетокот на декември 2024 година се најде на црната листа на САД поради вмешаност во значителна корупција, конретно поради примање поткуп во врска со судските процеси поврзани со ексдиректорот на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.