Србија и Русија постигнаа согласност да го продолжат аранжманот со кој Белград добива руски земен гас по намалена вредност, објави денес српскиот оператор на мрежата, и покрај загриженоста изразена од ЕУ.
Москва ја снабдува Србија со најголемиот дел од нејзиниот гас, а Белград плаќа само 275 долари за 1,000 кубни метри според актуелниот договор со Москва. Оваа цена е значително пониска од сегашната пазарна цена во Европа.
Преку анекс на договорот, според директорот на Србијагас, Душан Бајатовиќ, продолжени се истите услови што Србија ги имаше досега, и истиот ќе биде валиден од 1 јуни до 30 септември. “Со тоа обезбедивме шест милиони метри кубно дневно гас по нафтена формула. Ценовно гледано, тоа е околу 290 евра, а сега моментно на берзата ТТФ гас за купување е 360 евра за 1,000 метри кубни.”
“Тоа значи дека имаме добар договор,” изјави Бајатовиќ за РТС. Тој најави дека нема да има зголемување на цените за домаќинствата, а бизнисмените може да очекуваат исто така поволна цена.
Договорот беше склучен по разговорите меѓу претседателот Александар Вучиќ и рускиот лидер Владимир Путин во Москва претходно овој месец.