Натали Портман се појавила во ултракраток фустан на забавата на Канскиот фестивал
Израелската актерка и модна икона Натали Портман ужива во секој момент на Канскиот филмски фестивал – не само на премиерите, туку и на ексклузивните настани што го придружуваат ова гламурозно случување.
Еден од таквите моменти бил забележан на луксузната забава на „Диор“, која се одржала во престижниот хотел Majestic Barriere, каде што Натали се појавила во елегантен краток фустан на „Диор“. Моделот ја нагласил нејзината природната грациозност и нежна фигура, а со умерените модни додатоци и препознатливиот нежен мејкап, таа пленела со својата едноставност и префинетост.
Но она што привлекло особено внимание била нејзината појава полна со самодоверба и внатрешен сјај, бидејќи се чини дека периодов Натали цути однатре. Откако кон крајот на минатата година го прекина бракот со францускиот кореограф Бенџамин Милепјед, актерката не крие дека се наоѓа во фаза на лична преродба.
Поврзани објави
Дискретна и ненаметлива, Натали Портман денес зрачи со некоја нова, мирна сила – како жена која поминала низ емотивен предизвик, но од него излегла посилна, послободна и поблескава од кога било претходно.
Во Кан таа не е само филмска ѕвезда, таа е и симбол на елеганцијата и достоинственото повторно раѓање.
ФОТО: Инстаграм