На социјалните мрежи се појави снимка на која Анастасија и Вељко Ражнатовиќ се расправаат поради полначот за мобилен телефон, снимена додека таа сѐ уште живееше во Белград.
Во 2023 година Анастасија Ражнатовиќ му изговори судбоносно „да“ на својот избраник Немања Гудељ и оттогаш живее во Севилја. Добро е познато дека, и покрај физичката оддалеченост, Анастасија го одржува односот со мајка ѝ Светлана Цеца Ражнатовиќ, како и со брат ѝ Вељко и неговото семејство.
Сепак, додека сѐ уште живеела во вилата на Дедиње, често доаѓало до недоразбирања меѓу братот и сестрата. На снимката што кружи на ТикТок се гледа како Анастасија и Вељко се расправаат заради полначот за мобилен телефон.
Каде ми е полначот, те прашувам? Не се прави луд, прво тоа! Затоа што знам дека ти ми го земаше полначот претходниве денови, а знаеш дека ми стои покрај креветот во штекерот, и токму кога си ти дома – него, како, го нема – вели Анастасија видливо изнервирана.
Поврзани објави
Погледнете за што станува збор: