Table of Contents
Симптомите на ракот од кој боледува Џо Бајден јасно укажуваат на болест на простата и не треба да се игнорираат
Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, е дијагностициран со агресивен облик на рак на простатата, а ракот му се проширил и на коските.
Инаку, ракот на простатата е една од најчестите форми на рак кај мажите, особено кај оние што се постари од 50 години. Простатата е мала жлезда која се наоѓа под мочниот меур и пред ректумот и има важна улога во создавањето семена течност. Ракот на простатата се развива кога клетките во простатата почнуваат неконтролирано да растат.
Симптоми на рак на простатата
Во раните фази, ракот на простатата честопати нема симптоми, па се открива случајно при рутински преглед (ПСА-тест – специфичен антиген на простатата). Кога ќе се појават симптоми, може да вклучуваат:
Уринарни симптоми
- Зачестено мокрење, особено навечер
- Отежнато започнување на мокрењето (слаб млаз)
- Болка или пецкање при мокрењето
- Чувство дека мочниот меур не е комплетно испразнет
- Прекинување на млазот при мокрењето
Сексуални симптоми:
Поврзани објави
- Послаб проток на семена течност
- Болка при ејакулација
- Еректилна дисфункција
Симптоми на рак во напредна фаза:
- Болка во грбот, колковите или карлицата (ако ракот се проширил на коските)
- Слабост или вкочанетост во нозете или стапалата
- Слабеење и намален апетит
- Замор
Ризични фактори:
- Старост (најчесто се појавува кај мажите постари од 65 години)
- Генетика (ако таткото или братот имале рак на простатата)
- Раса (почест е кај Афроамериканците)
- Исхрана богата со заситени масти и црвено месо
Превенција и навремен преглед:
ПСА тестот и ректалниот преглед се основните начини на рано откривање. Здравата исхрана, физичката активност и одржувањето здрава телесна маса можат да го намалат ризикот.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм