Слоевитото нанесување мирис е главниот парфемски тренд за 2025 година
Сите социјални мрежи се преплавени со трикот за нанесување мирис во слоеви! Всушност, тоа подразбира комбинирање различни парфеми за да создадете свој единствен стил, а овој тренд пристигнува токму од Блискиот Исток. Имено, стотици години наназад, девојките нанесувале пет, дури и шест мириси за да создадат нешто специфично само за себе. Комбинирањето масла и луксузни парфеми е еден од најмоќните начини на самоизразување.
Многу брендови за парфеми исто така препорачуваат носење неколку мириси заедно. На пример, брендовите Jo Malone или Demeter се изградени на база на овој концепт, а самите брендови честопати даваат препораки за тоа кои опции најдобро се комбинираат.
Како да нанесувате мириси слоевито?
Нанесувањето мириси во слоеви не значи нанесување два парфема еден врз друг. Можете да комбинирате парфем со лосион, масло за тело или парфимиран лак за коса. Или на пример, попрскајте еден мирис на вратот, а друг на зглобот.
Но пред да почнете со експериментирање, добро е да научите неколку основни правила:
1. Прво напрскајте се со појаките мирис. Така, нема да ги задушите полесните. Повеќе не значи подобро.
2. Одбегнувајте да комбинирате два премногу зачинети и тешки мириси, бидејќи тие може да бидат премногу опојни кога се користат заедно.
3. Сложените композиции добро одат со поедноставните.
Поврзани објави
Кои мириси одат заедно?
Главното правило на слоевитото нанесување мириси е тоа што нема строги правила. Сè зависи од вашето искуство и имагинација. Но постојат некои совети што ќе ви помогнат да го надминете стравот. Ние ги испробавме и реакциите се феноменални.
Со комбинирањето композиции со заедничка доминантна нота, го засилуваме нејзиниот ефект. На пример, со нота на јасмин. Секој мирис на јасмин е единствен, бидејќи олфакторната пирамида е различна за секој: во некои случаи јасминот се преплетува со зачини, во други со дрвенести ноти. Па така, ако искомбинирате два мириса со јасмин, ќе се опкружите не само со еден букет од ноти, туку со неколку, а тој за возврат ќе почне да дејствува посветло, поинтересно и подлабоко.
Можете да комбинирате и различни видови цветни парфеми. И кога ќе се чувствувате посигурно, прејдете на комбинирање мириси од различни семејства.
Кога се комбинираат радикално различни ароми, честопати се добиваат вистински ремек-дела. Тешките зачини совршени ги разблажуваат минералните и озонските композиции. Слатка ванила и свеж цитрус. Нежни цветни композиции со остар ветивер или горчливо-зачадено пачули.
За почеток, пронајдете базни парфеми кои се засноваат на мал број ноти – се нарекуваат и моноароми. На нив може да се нижат посложени композиции – со ветивер, килибар, пачули или сандалово дрво. Во овој случај, веројатноста дека ќе добиете пријатна мешавина ќе биде многу поголема одошто ако користите две сложени ароми.
Цитрусните ноти се најсестрани. Добро одат со цветни, дрвенести, топли и зачинети композиции. Но цитрусот има прилично суптилен мирис, па затоа запомнете го основното правило што го спомнавме погоре: прво поинтензивната арома, па дури потоа полесната.
ФОТО: Siora Photography / Unsplash