Популарната пејачка поднесе седум тужби против колегата кој ја навредил од бина во алкохолизирана состојба.
Јелена Карлеуша поднесе седум тужби против пејачот Владо Георгиев, барајќи отштета од вкупно 100.000 евра. Тужбите се поднесени поради навредите што Георгиев ги упатил кон Карлеуша за време на својот концерт во Белградскиот Центар „Сава”. Според наводите, Георгиев бил во видливо алкохолизирана состојба и неколкупати ја навредувал Карлеуша од бина, не бирајќи зборови.
Скандалот дополнително се засили кога на екранот зад Георгиев била емитувана содржина која била навредлива за Карлеуша.
Поврзани објави
Пејачката изразила шок и огорченост поради ова однесување, кое го смета за неприфатливо и штетно за нејзиното име и углед.
Карлеуша реши да ја заштити својата чест и достојство преку правен пат и поднесе тужби против Георгиев. Се очекува судскиот процес да започне наскоро, а јавноста со нетрпение го очекува исходот на овој конфликт.
printskrin Youtube-informer