Кога Бог ја направил жената, тој работел подоцна на шестиот ден.
Кај него дошол еден ангел и го прашал:
– Зошто толку многу време трошите за ова?
Господ му одговорил:
– Видете само колку различни барања треба да исполнам, пред да биде готова. Таа треба да се мие лесно, но да не биде пластика, да има над 200 подвижни делови и при тоа да се движи благодатно. Треба да се лекува сама кога е болна. Да работи по 18 часа на ден. Треба да има само две раце, но да може со нив да прегрнува истовремено неколку деца, и тоа така да ги прегрнува што ќе ја излечи секоја болка, без разлика дали е душевна или пак се удрила некаде.
Ангелот бил импресиониран.
– Ова стандарден модел ли е? Но, тоа е невозможно! Целата оваа работа не може да се заврши за еден ден. Одложи ја за подоцна.
– Не – рекол Господ. – Ќе ја завршам денес.