Почетна Убавина и здравјеЕве како да го прочистите црниот дроб без таблети! – Убавина и здравје

Еве како да го прочистите црниот дроб без таблети! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Докторите откриваат како да се ослободите од лошиот холестерол и да го прочистите замастениот црн дроб

Црниот дроб е задолжен за производство на холестерол, па затоа многу е важно како се храниме. Холестеролот е многу важен за правилното функционирање на организмот, иако речиси секогаш се споменува во негативен контекст. Ви откриваме кога покачениот холестерол е загрижувачки аларм и како можете да го регулирате.

„Детоксикацијата е задолжителна кога некој има покачен холестерол и замастен црн дроб. Ако имате замастен црн дроб, а имаме речиси сите, помалку или повеќе, автоматски имате покачено ниво на инсулин. Тоа е хормон што го произведува панкреасот за да го регулира шеќерот и варењето. Ако инсулинот се покачува во текот на денот, повеќе или помалку, апсолутно ќе произведува масти во црниот дроб. Тоа му е работа“, откриваат докторите и појаснуваат:

„Холестеролот не го добивате од храната. Ако секој ден јадете ќебапи, плескавици, големи порции, вие практично го нарушувате варењето и правите интоксикација. Но покаченото ниво на инсулин ќе биде тоа што ќе го стимулира производството на холестерол во црниот дроб. Кој има покачен холестерол, има и покачен инсулин и обратно. Кој го контролира инсулинот, го контролира и холестеролот.“

Кога високиот холестерол е проблематичен?

„Лошиот холестерол е парадокс. Тој во себе содржи помалку холестерол од добриот холестерол. Лошиот холестерол има задача да пренесе материјал за производство на хормони, па така, тој не е лош“, објаснуваат докторите.


Поврзани објави

Лошиот холестерол станува лош кога ќе „за’рѓа“, односно кога не може да ја заврши работата и да пренесе материјал за производство на хормони. Тој оксидативен холестерол ќе се залепи некаде и ќе претставува почеток на развој на атеросклероза. Само оксидативниот холестерол е лош.

Загрижувачка граница на холестерол

„Секој холестерол што е 6 или 6,5, не се смета за трагедија или за нешто што е толку лошо. Тоа значи дека тој премногу се произведува, односно дека нешто го стимулира (инсулинот), дека не се излачува како што треба преку жолчката или дека за’рѓал. Тогаш, на пациентите им се препорачуваат антиоксиданси и да воведат што повеќе здрави намирници, овошје и зеленчук во исхраната“, посочуваат докторите.

Исто толку важна е контролата на инсулинот. Ако не јадете шеќер или внимавате колку го јадете, нема да го оптоварувате панкреасот. Што се однесува до маслото, докторите препорачуваат да ставате помалку од кафено лажиче, само колку да замириса јадењето.

Трето, важна е контролата на елиминацијата – да ги „проветрите“ каналите на жолчката за да може отпадот подобро да се исфрла во цревата со билки. Се препорачува лимонада со малку ѓумбир – лимонот го провоцира каналот, ѓумбирот го опушта и сѐ излегува надвор.