Приватниот живот на холивудската ѕвезда не престанува да ја интригира јавноста
Среде озборувањата дека разводот на Бен Афлек и Џенифер Лопез е на видик, актерот бил фотографиран со поранешната сопруга и дури сега воопшто не ни е јасно што се случува со љубовниот живот на холивудските ѕвезди. Откако парот наречен „Бенифер“ повторно се смири, не престана да го окупира вниманието на јавноста.
Најновите трачови во низата ги предизвика серијата фотографии кои покажуваат како Афлек ужива во друштвото на поранешната сопруга, Џенифер Гарнер. Се чини дека честите средби со поранешната сопруга уште повеќе ги потпалуваат гласините за неговите брачни проблеми со Лопез.
Поврзани објави
Иако причината за овие чести средби на поранешните сопружници лежи е продажбата на заедничкиот имот, па според тоа е сосема невина и оправдана, обожавателите едвај дочекаа остро да го осудат актерот, а некои од коментарите се особено груби.
„Гарнер е луда, опседната жена, која сака да контролира многу слаб маж, кој се бори со зависности и депресија“, напишала една обожавателка, а друг додал:
„Бен и Гарнер се вистинските ‘Бенифер’. Тие би требало да живеат заедно со своите деца, но Бен е будала.“
И покрај вревата што ја креваат обожавателите околу конфликтот помеѓу поранешните партнери, фотографиите на Афлек и Гарнер покажуваат комплетно поинаква реалност. Јасно е дека нивниот однос е полн со почит и срдечна динамика при заедничкото старателство над нивните деца.