Иако живеат далеку, Зорица и Јелена имаат исклучително блиска и почитувачка врска
Зорица Брунцлик откри детали за односот со Јелена, ќерката на нејзиниот сопруг Миролјуб Кемиш од првиот брак, и изненади многумина. Иако не е нејзино дете, познатата пејачка вели дека сите деца во семејството ги третира подеднакво и со огромна љубов.
Јелена, плод на љубовта на Кемиш со Германката Драгица, живее и работи во Германија. И покрај физичката оддалеченост, таа е редовен гостин на семејните собири, а Зорица со гордост вели дека во нивниот дом е секогаш добредојдена.
Поврзани објави
Кај нас нема поделби. Јелена ни подари и внука, Луана, а со зетот често нè посетуваат во Србија. Имаме прекрасен однос, сите се сакаме и почитуваме“ – изјави Кемиш, а Зорица ги потврди неговите зборови.
Овој 29 јуни, Зорица и Кемиш ќе организираат големо свадбено славје, кое го одложувале со децении. Ќе се слави и нејзиниот 70. роденден, а на настанот ќе присуствуваат сите деца, внуци и пријатели – вистинска прослава на љубовта и сплотеноста.
printskrin Youtube-kurir