Поп ѕвездата и нејзиниот сопруг бараат нова вила, со базен и големо двориште – без компромиси…
Популарната пејачка Александра Пријовиќ, која го очекува своето второ дете, донесе одлука да ја продаде сегашната куќа на Бежаниска коса, вредна половина милион евра. Според блиски извори, причината е – премал простор за проширеното семејство.
Александра и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ веќе активно бараат нова, уште полуксузна вила во истата елитна белградска населба.
Со две деца, сакаат голем простор, базен и дворно место каде децата ќе растат без ограничувања“ – открива извор близок до семејството.
Поврзани објави
Пријовиќ вели дека немаат намера да прават компромиси – новиот дом треба да биде идеален. Таа веќе размислува за уредувањето на ентериерот и создавање на удобна, семејна атмосфера каде ќе владее хармонија и приватност.
Да потсетиме, парот и претходно вложувал во скапи недвижности, а куќата што сега ја продаваа беше нивниот „дом од соништата“. Сепак, животот со уште едно дете бара нови приоритети – и повеќе простор.
printskrin Youtube-prijovic nova rs