Поп-фолк ѕвездата ја најде среќата во семејството, музиката и дисциплината, но патот до успехот бил полн предизвици.
Славната пејачка Ана Бекута родена 1959 година во Бања кај Прибој, уште од најмали нозе се соочувала со тешкотии. Нејзините родители, мајка Милица, готвачка, и татко Бранко, земјоделец, се труделе да им обезбедат пристојни услови за живот на Ана и нејзините сестри, иако секојдневно се соочувале со недостиг на средства.
Во детството, Ана Бекута била многу срамежлива и често пеела само кога никој не ја гледал.
Бев многу срамежлива. Кога доаѓаа гости за Свети Никола, а моите се гордееле со мојот глас, јас се криев и си одев сама да си бидам“ се потсетува пејачката.
Несигурноста ја следела и во младоста, особено кога го роди синот Игор на 17 години.
Поврзани објави
Не можев ни да сонувам дека ќе ми се случи сето ова. Родив на 17 и тогаш беше прашање што ќе правам. Но, со 20 години почнав да пеам и сфатив дека имам талент,“ открива Бекута.
Животната борба ја обликувала и нејзината професионална кариера.
Борбата почнува од мали нозе – во училиште, средно, низ животот и кариерата. Секогаш сум избирала потежок пат. Мојот глас и моите песни секогаш ме поддржувале. Ред, труд и дисциплина ги учам и своите деца и внуци,“ заклучува Ана Бекута, која денес е пример за упорност и успех.
printskrin Youtube – blic ana bekuta