Џони Деп се врати во светот на глумата, а за потребите на еден филм мораше драстично да го промени својот изглед, кој збуни многу негови обожаватели.
Познатиот актер Џони Деп (61) отсекогаш привлекувал големо внимание, а по тешкиот период што го помина поради судењето со Ембер Херд, актерот им се посвети на новите проекти.
Тој моментално работи на филмот „Day Drinker“, за чијаулога мораше да направи некои промени во својот изглед.
Деп отсекогаш освојувал со својот специфичен шарм и препознатливата темна коса, но сега е сед. И косата и брадата му се целосно бели, па актерот изгледа малку постаро отколку што навикнавме да го гледаме.
Ова е истовремено и неговото големо враќање во Холивуд по спомнатото судење, бидејќи Деп кратко време се повлече од продукцијата.
Поврзани објави
На снимањето, Деп изгледаше замислено, со темен израз на лицето и во темносин костум.
Иако изгледа постаро, обожавателките не престануваат да го фалат.
Изгледа прекрасно дури и кога е сед“, „Седата коса му одговара одлично“, „Беше поубав порано, но и ова не е лошо“ – се некои од коментарите.
Можеби по сè, Деп ќе се одлучи да го задржи овој нов изглед, кој знае…
Фото: Printscreen Instagram, Getty Images