Почетна Убавина и здравјеGalaxy Tab S10 FE – Совршениот tech аксесоар за твојот стил! – Убавина и здравје

Galaxy Tab S10 FE – Совршениот tech аксесоар за твојот стил! – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Драги девојки, време е да го откриете вашиот нов must-have tech аксесоар! Без разлика дали сте во cozy mood со кафе и серија, или во „on-the-go“ момент, Galaxy Tab S10 FE и S10 FE+ се тука да го разубават секој ваш ден.

Овие уреди нудат впечатлива комбинација на моќност, преносливост и премиум функции по достапни цени наменети за сите кои претпочитаат естетика, креативност и продуктивност.

Имерсивно искуство со најголемиот екран во серијата FE

Една од најистакнатите карактеристики на Galaxy Tab S10 FE серијата е поголемиот од кога било екран. Моделот Galaxy Tab S10 FE+ има екран од 13.1 инчи, што го прави најголемиот екран во серијата FE и овозможува идеално и имерсивно искуство при гледање видеа, дизајнирање или пишување белешки. Со тенок и елегантен изглед, S10 FE и S10 FE+ се создадени да бидат не само паметен уред, туку и совршен моден додаток.

Нежни бои и минималистички линии што совршено ќе се вклопат со твојот секојдневен outfit, од утрински brunch до вечерен Netflix маратон.

Заедно со стапка на освежување до 90Hz и осветленост до 800 нити, уредот обезбедува јасни и остри визуелизации, пред се благодарение на функцијата Vision Booster која автоматски ја прилагодува светлината и видливоста, дури и во променливи надворешни услови, додека емисијата на сина светлина е безбедно намалена за да се минимизира заморот на очите.

И двата модели Galaxy Tab S10 FE и Galaxy Tab S10 FE+ овозможуваат лесен мултитаскинг и работа со апликации кои бараат голема моќ.

Galaxy Tab S10 FE доаѓа со 10.9-инчен Super AMOLED дисплеј, а Galaxy Tab S10 FE+ со 13.1-инчен простор за уживање во совршена слика, било да скролаш на Instagram или го гледаш омилениот филм.

Со Dolby Atmos звук, твоите плејлисти ќе звучат како приватен концерт!

Моќен Exynos 1380 процесор кој лесно се справува со мултитаскинг — од работа до забава, без пречка!

Издржлива батерија за цел ден активност, без стрес за полнење.


Поврзани објави

Поддршка за S Pen — за скицирање идеи и запишување забелешки, без разлика дали работите на дизајнерски проект, уредувате фотографии или читате стручна литература, овие таблети ќе ви го овозможат најдобриот начин за тоа.

Дополнително, надградената задна камера од 13 МР додава екстра функционалност, овозможувајќи ви да учествувате во виртуелни состаноци или онлајн обуки без потреба од веб-камера.

ВИ функции за продуктивност

Функциите со вештачка интелигенција како Circle to Search со Google, Object Eraser и Auto Trim, кои беа достапни во претходните flagship Android уреди, сега се достапни и на овие таблети. Овие иновативни функции ќе помогнат да се забрза вашата креативна работа и да се зголеми ефикасноста во работата.

Дополнително, Samsung Notes е надграден со ВИ функции како Handwriting Help, што ги прави вашите белешки појасни и читливи, и Math Solver, што е одлично за оние кои се соочуваат со најтешките математички задачи. За оние кои сакаат да го отклучат својот креативен потенцијал, таблетите се веќе инсталирани со неколку апликации, вклучувајќи LumaFusion, GoodNotes, Noteshelf, PicsArt и Clip Studio Paint.

Зошто баш S10 FE серијата?

Ако живеете со полна брзина, сакате убави нешта и не се задоволувате со просечно, Galaxy Tab S10 FE и S10 FE+ се вашите совршени сојузници! Тоа е совршен баланс меѓу стилот и перформансите.

Лесен, но доволно моќен за твоите креативни проекти и секојдневна рутина. Galaxy Tab S10 FE е полесен од неговиот претходник, а оценката IP68 ја потврдува отпорноста на вода и прашина кај овие уреди.

Galaxy Tab S10 FE и FE+ се достапни во верзии од 128GB што нуди доволно простор за сите ваши апликации, датотеки и медиуми.

Серијата Galaxy Tab S10 FE е заштитена со Samsung Knox, напредна безбедносна платформа која нуди повеќеслојна заштита за критични информации преку хардверска безбедност, детекција на закани во реално време и колаборативна одбрана.

Да заклучиме: Со Galaxy Tab S10 FE и Galaxy Tab S10 FE+ не добиваш само таблет, добиваш стил, слобода и бескрајни можности во едно елегантно пакување, затоа што твојот tech мора да биде исто толку тренди, колку што си и ти!

Текст и фото: ПР